Земјотрес е регистриран во неделата во градот Искендерун, Турција во 11:36 часот, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението објавено на Твитер, Центарот објави дека овој земјотрес бил со јачина од 4.6 степени, додека засега не е забележана штета.
Во овој период се слушнале и други потреси со послаб интензитет.
Турција регистрираше илјадници жртви од разорниот земјотрес во февруари оваа година.