Силен земјотрес во понеделникот попладне го погоди Лос Анџелес, потресувајќи куќи, јавува „Би-Би-Си“.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 4.4 степени бил во близина на Хајленд Парк, населба во Лос Анџелес, недалеку од познатиот холивудски знак.
Потреси се почувствувани во соседните градови Пасадена и Глендејл.
Немаше предупредувања за цунами, соопштија американските власти.
Нема информации за штети или повредени.