Земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во саботата во областа Бања Лука, Босна и Херцеговина, чиј епицентар бил на околу 14 километри северозападно од тој град.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран во 10:08 часот.
Сеизмолозите на Хидрометеоролошкиот институт на Република Српска забележаа и земјотрес со проценета јачина од три до четири степени според Меркалиевата скала.
Хидрометеоролошкиот институт на Босна соопшти дека ваквите земјотреси не можат да предизвикаат оштетувања на објектите, иако населението во епицентралното подрачје ги чувствува.