Силен земјотрес со магнитуда од 7.4 степени по Рихтеровата скала го погоди рано утрово во саботата во близина на источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Геолошкиот завод на САД, пренесува ABC News. Епицентарот на земјотресот бил 111.7 километри источно од Петропавловск-Камчатски на длабочина од 39 километри.
Немаше извештаи за повредени или поголема материјална штета.
Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот, но подоцна го отстрани предупредувањето од својата веб-страница.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека се издадени предупредувања за крајбрежните области во врска со мала промена на нивото на морето, но тоа значи дека можноста за штета е минимална.
Рускиот полуостров Камчатка беше погоден од пет силни земјотреси - најголемиот со магнитуда од 7.4 степени на 20 јули годинава.
-
Земјотрес со јачина од 7.8 степени во Русија
-
Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени
-
Силен земјотрес во Русија предизвика евакуации во Јапонија и САД, предупредување за цунами
-
Силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами
-
Земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините, најмалку 19 жртви