Најмалку 20 лица загинаа како последица на поројните поплави во Кина, јави државната телевизија CCTV.
Осум лица загинаа во провинцијата Сечуан, додека 30 други се водат како исчезнати по силните поплави во селото Ксинхуа во југозападниот дел на земјата, јавува АП.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеКатастрофата се случила околу 2:30 часот во саботата, при што биле оштетени над 40 куќи и погодени 1,254 жители во селото, според локалните власти.
Спасувачките напори се во тек, додека патиштата и комуникациите се делумно обновени.
На друго место во северозападната провинција Шанкси во петокот, при уривање на мост загинаа 12 лица, додека спасувачите сè уште се обидуваат да пронајдат уште 31 кои се водат како исчезнати.