KOHA.net

СВЕТОТ

Најмалку 16 загинати во пожар во трговски центар во Кина

Пожар во Кина

Пожар во Кина

Најмалку 16 лица загинаа во средата во кинеската провинција Сечуан, како последица на пожар во трговски центар.

Пожарникарите и спасувачките тимови во југозападниот кинески град Зигонг одговориле на пожарот во 14-катната комерцијална зграда и успеале да евакуираат 75 луѓе, според официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа црн чад како извира од огромната зграда додека многу луѓе заробени во зградата чекаа да избегаат.

Спасувачките активности завршија во четвртокот во 3:00 часот, а прелиминарната истрага покажува дека пожарот настанал поради градежни работи.

Засега не се знае колку луѓе имало во зградата кога избувнал пожарот.

Во зградата има продавница, канцеларии, ресторани и кино.