Најмалку 12 лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург во петокот вечерта, објави германскиот весник „Билд“.
Локалната полиција потврди дека уапсила 39-годишна жена како осомничена, објави Ројтерс.
Три лица се во критична состојба, тројца други се сериозно повредени, а шест лица се здобиле со полесни повреди, објави „Билд“, наведувајќи дека мотивот за нападот засега е нејасен.
Железничката станица во Хамбург е една од најпрометните транспортни центри. Секој ден има 550 илјади патници.
Во последните месеци, Германија постојано беше потресена од слични напади.
ВЕСТ - Жена е уапсена на Централната станица Хамбург, Германија, во врска со инцидент со прободување во кој беа повредени 12 лица, од кои шестмина се здобија со сериозни повреди.
Полициската операција е во тек, а властите сè уште не го откриваат идентитетот на осомничениот или... https://t.co/Ea0KJqEmny pic.twitter.com/xQGnUUUpuG— Vanguard Intel Group 🛡 (@vanguardintel) Може 23, 2025