Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да ја посети Белата куќа следната недела за да разговара за царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, потврдија тројца израелски официјални лица за новинската агенција Ројтерс во саботата.
Двајцата лидери разговараа телефонски во четвртокот, а Нетанјаху моментално е во официјална посета на Унгарија.
Освен тарифите, други прашања за разговор се наведуваат дека се војната во Газа и иранската нуклеарна програма.
Од најновата одлука за нови трговски мерки, стоките од израелско потекло се соочуваат со царини од 17 проценти. Соединетите Американски Држави се најблискиот сојузник на Израел, а воедно и нивниот најголем трговски партнер.
Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Трамп за да преговара за договор со кој се отстрануваат царините. А за него ова е четврти пат да патува во САД, од почетокот на војната во Газа.