Федералната агенција за царинска и гранична заштита на САД објави дека двајцата агенти вклучени во фаталното пукање во кое загина американски државјанин во Минеаполис се суспендирани од должност.
Убиството на Алекс Прети, 37-годишна медицинска сестра од интензивна нега, во саботата предизвика нови протести во државата Минесота и низ САД, како и повици од пратеници од двете партии за отпуштање на секретарот на Министерството за внатрешна безбедност.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеСпоред прелиминарниот извештај од Министерството за внатрешна безбедност до Конгресот, двајца полицајци пукале во Прети за време на тепачка. Првичните официјални извештаи велат дека Прети го извадил пиштолот.
Не е објавено колку долго ќе трае нивната суспензија од работа.
Во меѓувреме, агентите на ICE (Имиграциска и царинска служба) во Минесота во среда добија инструкции да избегнуваат конфронтации со „агитатори“ додека ги спроведуваат строгите мерки на американскиот претседател Доналд Трамп против имиграцијата, објави Ројтерс.
Новите упатства, исто така, им наредуваат на службениците за имиграција и царина на САД да ги таргетираат само имигрантите кои имаат кривични обвиненија или пресуди.