Најмалку 17 лица загинаа во автомобил-бомба во авганистанската провинција Логар.
Експлозијата се случи пред почетокот на прекинот на огнот што талибанците го прогласија за празникот Бајрам.
Талибанците ја отфрлија одговорноста за нападот, додека милитантната група Исламска држава не даде изјава.
Се верува дека нападот го извршил бомбаш самоубиец, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Логар Дедар Лаванг.
Нападот се случил во близина на канцеларијата на гувернерот, додека имало луѓе кои купувале за Бајрам.
„Терористите уште еднаш нападнаа ноќта на Бајрам и убија дел од нашите луѓе“, изјави портпаролот на авганистанското МВР Тарик Аријан.
исто така
21 загинат во бомбашки напад во Авганистан
Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид рече дека нападот „нема никаква врска со неговата група“.
Талибанците и авганистанската влада се согласија на тридневен прекин на огнот почнувајќи од петок - првиот ден на Бајрам.
Има и надежи за траен прекин на огнот, но мировните разговори се одложени поради размената на затвореници/REL.