Голем број лондонски болници прогласија критичен инцидент откако сајбер напад предизвика откажување на операциите и пренасочување на пациентите за итни случаи.
Се наведува дека нападот се случил во болници кои се партнери со Synnovis – снабдувач на патолошки услуги, јавува Би-Би-Си.
Болницата Кингс колеџ, Гај и Сент Томас, Ројал Бромптон и Детската болница Е“велина во Лондон - како и службите за примарната здравствена заштита, се меѓу нападнатите.
Инцидентот имаше големо влијание врз испораката на услугите, особено за трансфузијата на крв и резултатите од тестовите.
Некои процедури се откажани или упатени до други даватели на здравствени услуги бидејќи болниците се обидуваат да утврдат каква работа може безбедно да се изврши.
Портпаролот на болницата „Кингс колеџ“ потврди дека тие биле погодени од сајбер нападот.
Според весникот за здравствена служба (ХСЈ), неколку високи извори му рекле дека системот бил жртва на напад со откупнина.