Студенти во Австрија поставија камп на Универзитетот во Виена за да се солидаризираат со Палестинците во Газа.
Студентите кои протестираат ја повикаа Австрија да го бојкотира Израел во пресрет на офанзивата во Рафах, пренесува АП.
Кампот беше поставен во понеделникот, додека слични протести се проширија во САД и во другите европски земји.
Универзитетот во Виена и главниот Австриски студентски сојуз се оградија од протестот.
Синдикатот во вторникот објави соопштение во кое вели дека антисемитските групи се меѓу оние кои повикуваат на протестот.
Демонстрантите одбија да потврдат дали се уште се студенти на универзитетот.
Во последните денови студентите одржаа протести или поставија кампови во Финска, Данска, Италија, Шпанија, Франција и Британија, по претходните протести во американските кампуси.