Јенс Столтенберг во вторникот официјално беше назначен за шеф на Минхенската безбедносна конференција. Досега беше на чело на НАТО.
Се очекува тој да ја преземе функцијата по следната конференција одржана во февруари од досегашниот директор Кристоф Хојсген, јави ДПА.
За назначувањето на Столтенберг се известуваше неколку недели и сега е официјално потврдено.
„Целиот мој политички живот го посветив на одржување на мирот. За мене е голема чест да служам како лидер на Минхенската безбедносна конференција и да придонесам за нејзината мисија „мир преку дијалог““, рече Столтенберг.
Тој ја напушти функцијата шеф на НАТО во октомври по 10 години. На негово место ќе дојде поранешниот холандски премиер Марк Руте.
Минхенската безбедносна конференција е основана во 1963 година. Секој февруари, шефови на држави и премиери, министри, воени експерти и претставници на вооружената индустрија се собираат во Минхен, Германија за да разговараат за безбедносните политики.