Пред виртуелната средба со 25 светски лидери, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот претседател Владимир Путин порано или подоцна „ќе седне на преговарачка маса“.
Британскиот премиер им порача на лидерите дека мора да се подготват да го бранат мировниот договор во Украина, а истовремено повика да се зголеми притисокот врз Русија.
„Ако Путин е сериозен за мирот, тоа е многу едноставно, тој мора да ги запре варварските напади во Украина и да го прифати прекинот на огнот“, им порача Стармер на лидерите на европските земји, како и на лидерите од Австралија, Канада и Нов Зеланд.
„Мораме да продолжиме да притискаме напред, да одиме напред и да подготвуваме мир, мир кој ќе биде сигурен и кој ќе трае“, додаде тој.
Стармер вели дека Путин не е сериозен за постигнување мир во Украина
Британскиот премиер Кир Стармер во саботата предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин не ...-
Стармер: Фокусот треба да остане на Украина и покрај војната со Иран
-
Стармер: Мировниот договор за Украина мора да содржи силни безбедносни гаранции
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер пред самитот Трамп-Путин
-
Украина и европските сојузници поставија пет услови за траен мир со Русија
-
Путин верува дека војната во Украина завршува