Епидемијата на коронавирус во Словенија денеска заврши. Ова беше речено на прес-конференцијата на Владата на оваа земја, но некои заштитни мерки ќе останат на сила.
Како што пренесуваат медиумите во Словенија, носењето маска ќе остане обврска за граѓаните во затворени простори, како и чувањето на средствата за дезинфекција во просториите и на растојание.
„Денеска е крајот на епидемијата во Словенија. Епидемиолошката состојба во Словенија е добра. За ова се заслужни сите кои ги почитувале мерките и кои решиле да се вакцинираат“, изјави портпаролката на Владата на Словенија, Маја Братуш.
Во Словенија поради КОВИД-122 се хоспитализирани уште 19 граѓани, а 40 од нив се на интензивна нега.