Не може да има разговори со Северна Кореја додека земјата значително не го подобри своето однесување, изјави денеска претставник на Белата куќа, еден ден откако државниот секретар Рекс Тилерсон предложи можност за почеток на преговори со Пјонгјанг во секое време, но без никакви предуслови.
„Со оглед на најновата ракетна проба на Северна Кореја, јасно е дека во овој момент нема време за преговори“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесоа американските медиуми.
Слични статии
-
Тилерсон: Подготвени сме за разговори со Северна Кореја
-
САД ја повикаа Северна Кореја да ги прекине ракетните тестови и да се врати на разговорите
-
Северна Кореја „не одговара“ на обидите на САД да воспостават контакт
-
САД отфрлаат каков било севернокорејски ултиматум
-
САД ја покануваат Северна Кореја да се денуклеаризира