Поројниот дожд и поплавите се вратија во шпанската област Валенсија во средата навечер.
Повеќе од 220 луѓе загинаа во оваа источна крајбрежна област, а градот Паипорта беше најтешко погоден со загуба од 60 животи, откако областа пред две недели се соочи со големи поплави, јавува Би-Би-Си.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеИако огромното мнозинство куќи се уште стојат, во најпогодените улици има недостиг од струја, топла вода или вода за пиење.
Во Паипорта, купишта оштетени автомобили се создадени на кружни текови и други простори.
Се проценува дека во поплавите биле уништени околу 100,000 возила.
Градоначалникот ги повика луѓето да останат дома додека мештаните чекаат да се укине последното предупредување за поплави.