Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, е „длабоко загрижен“ од тековната ескалација на Блискиот Исток, вклучително и новите напади меѓу САД и Иран, изјави неговиот портпарол, пренесува Би-Би-Си.
Гутереш ги повикува страните да се вратат на „целосно спроведување на прекинот на огнот“ и да ги почитуваат обврските според меѓународното право за заштита на цивилите.
Неговиот портпарол додава дека тој ги повикува САД и Иран да „ги удвојат своите напори за мирен, сеопфатен и траен договор“ за регионален и меѓународен мир.
САД и Иран разменуваат напади втор ден по ред
САД и Иран разменуваат напади низ Блискиот Исток втор ден по ред...
Слични статии
-
Гутереш за војната во Иран: Двете страни можеби извршиле воени злосторства
-
Судир во ОН: САД и Израел против Иран, Гутереш предупредува на регионална ескалација
-
ОН повикува на дијалог, американскиот амбасадор му порачува на Иран дека „Трамп е човек на дела“
-
Гутереш бара итна истрага за убиствата во Газа
-
Иранскиот министер изрази „длабока недоверба“ кон САД