Американските воени воздушни напади во источна Сирија беа порака до групите поддржани од Иран и Техеран, кои ги напаѓаа американските трупи овој месец и неколку други пати минатата година, соопшти во средата Пентагон, пренесе АП.
Колин Кал, потсекретарот за одбрана, им рече на новинарите дека американските воздушни напади во текот на ноќта врз објекти користени од група поддржана од иранската паравоена Револуционерна гарда покажаа дека „САД нема да се двоумат да се одбранат од агресија поддржана од Иран“.
Тој рече дека одлуката на САД да изврши напади се заснова на природата на милитантните напади на 15 август каде што беа стационирани американските војници.
Во Иран, портпаролот на Министерството за надворешни работи Насер Канаани го осуди американскиот напад. Тој негираше дека Иран има врски со американски цели.
Иран постојано негира дека вооружува милитантни групи кои ги таргетираат американските сили во регионот.