Централната команда на Соединетите Американски Држави (Centcom) објави дека запленила ирански товарен брод кој се обидел да ја прекрши блокадата на сите ирански пристаништа. САД воведоа блокада на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа, јавува Би-Би-Си.
Центком соопшти дека бродот бил запрен во вторник откако тргнал од иранскиот крајбрежен град Бандар Абас и излегувал низ Ормутскиот теснец.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеВо него се вели дека разурнувачот „УСС Спруанс“ успешно го вратил товарниот брод во Иран.
Центком додаде дека десет бродови се вратиле во Иран и ниту еден не ја прекршил блокадата што стапи на сила во понеделник.