Американскиот министер за финансии Скот Бесент им изјави на новинарите во среда дека Вашингтон е „подготвен да го потпише“ договорот за минерали со Украина.
За време на состанокот на кабинетот во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите за договорот, кој потоа му го упати на Бесент, објави „Гардијан“.
„Нашата страна е подготвена да потпише“, рече Бесент, додавајќи дека украинската страна синоќа одлучила да направи некои измени во последен момент.
„Уверени сме дека ќе го разгледаат повторно и ние сме подготвени да го потпишеме ова попладне“, објави Бесент.
Според него, ништо не е отстрането или променето од договорот.
„Тоа е истиот договор што го постигнавме за време на викендот. Нема никакви промени од наша страна.“