Економскиот раст на САД ги потврди своите добри перформанси со пораст од 4,2% во вториот квартал, според проценката направена денеска од Министерството за трговија.
Ова е најсилното проширување на Бруто домашниот производ (БДП) во последните четири години, по првиот квартал кој беше зголемен за 2,2%, пишува АТШ.
На овој силен економски раст како и на високите инвестиции на претпријатијата влијаеше стабилната потрошувачка, којашто се зголеми за 3,8%, најбрзо од крајот на минатата година.
Американската економија, исто така, беше поддржана од политиката на економски стимул од администрацијата на Трамп, која вклучува даночни намалувања и зголемени трошоци, главно воени.