Американските и кинеските претставници ќе започнат разговори оваа недела во обид да ја надминат трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.
Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе присуствува на разговори во Швајцарија од 9 до 12 мај, објави кинеското Министерство за надворешни работи.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник на САД (USTR) Џејмисон Грир ќе го претставуваат Вашингтон на состанокот, објавија нивните канцеларии, објави Би-Би-Си.
Откако се врати во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп воведе нови увозни царини за кинески стоки до 145%. Пекинг одговори со царини од 125% за некои американски стоки.
Но, експертите за глобална трговија за Би-Би-Си изјавија дека очекуваат преговорите да траат неколку месеци.
Ова ќе биде прва средба на високо ниво меѓу двете земји откако кинескиот потпретседател Хан Женг присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во јануари.
Во меѓувреме, Бесент изјави дека со нетрпение очекува ребалансирање на меѓународниот економски систем за подобро да им служи на интересите на САД.
исто така
САД и Кина се состанаа во Париз пред самитот Трамп-Си
Кинеските државни медиуми објавија дека Пекинг одлучил да соработува со САД откако целосно ги разгледал глобалните очекувања, интересите на земјата и повиците од американските бизниси.
Во извештајот понатаму се вели дека Кина е отворена за разговори, но повтори дека доколку земјата одлучи да продолжи да се бори во оваа трговска војна, ќе се бори до крај.
Трговската војна предизвика превирања на финансиските пазари и низ целата глобална трговија.