Руското Министерство за одбрана во саботата објави снимка на која се гледа воен персонал и опрема распоредени во регионот Курск, чија цел е да ги одбие украинските сили кои ја нападнаа Русија претходно оваа недела, пренесува АП.
Снимките покажуваат хеликоптери, борбени авиони и беспилотни летала како гаѓаат цели во шумските области.
Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше со вонредна седница на Советот за безбедност во врска со „специфичните аспекти на борбата против тероризмот“.
Веднаш по средбата, трите региони кои граничат со Украина, имено Курск, Белгород и Брјанск, прогласија, како што ја нарекоа, „антитерористичка операција“.