Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека Москва го поддржува постигнатиот прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но тешко е да се каже дали тој може да трае, објави Ројтерс.
„Многу е тешко да се извлечат заклучоци во моментов“, рече Лавров, во првата реакција на руската држава на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Но, откако беше објавено, имаше извештаи за напади, за размена на напади меѓу Израел и Иран. Следствено, да не извлекуваме заклучоци само врз основа на делумни информации“, додаде тој.
Русија, која потпиша договор за стратешко партнерство со Исламската Република Иран на почетокот на годината, ги осуди израелските и американските напади врз нуклеарните и воените бази на персиската земја, опишувајќи ги како нелегални и неиспровоцирани.
Од друга страна, Иран одговори со напад врз израелски градови, а неодамна и врз американската воена база во Катар.
Трамповото примирје не трае ни два часа
-
Трамп: Разговорите со Иран ќе продолжат, но прекинот на огнот е завршен
-
Израел и Хезболах се согласија за прекин на огнот
-
Трамп: САД очекуваат прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и на Либан
-
Иран и Израел престануваат да се напаѓаат едни со други
-
Трамп бара од Израел и Иран „веднаш да ги запрат нападите“