Француската влада предводена од премиерот Мишел Барние падна во средата откако екстремно левичарските и екстремно десничарските партии гласаа за поддршка на иницијативата за недоверба.
Изгласувањето недоверба помина со 331 глас. За усвојување на предлогот за недоверба беа потребни најмалку 288 гласа, јавува Би-Би-Си.
Пратениците не можеа да гласаат против, мора или да гласаат за или да се воздржат.
Ова е првпат француска влада да падне од гласање за недоверба од 1962 година.
Раководството на Барние беше доведено во прашање откако тој употреби посебни овластувања за да го донесе буџетот за 2025 година без гласање.
исто така
Се очекува денеска француските пратеници да ја соборат владата на Барние
Предлог-законот за буџетот на Барние имаше за цел да го спречи зголемениот дефицит на Франција преку зголемување на даноците и намалување на трошоците од 60 милијарди евра.
Францускиот премиер беше принуден да направи отстапки пред критичарите, вклучително и лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, која бараше да го укине новиот данок на електрична енергија.
И покрај измените, буџетот остана неприфатлив за опозицијата, а откако Националниот фронт се приклучи кон левичарските партии за да му се спротивстави, Барние употреби посебна процедура позната како член 49.3 од Уставот за да го донесе.
Барние одржа говор на крајот од расправата што се одржа пред гласањето за предлогот во Националното собрание, барајќи од пратениците да не го отстрануваат, откако рече дека долгот нема да исчезне ако се отстрани.
исто така
Француската влада се распаѓа - Макрон се соочува со нова политичка криза
Но, Марин Ле Пен, од екстремно десничарскиот Национален фронт, и Ерик Кокерел, од радикалната левица, го обвинија дека не ги слуша нивните буџетски проблеми.
73-годишниот Барние е во несигурна позиција откако стана премиер во септември, со неговото назначување по изборите на кои ниту една партија немаше доволно места за да владее сама.