KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Се урна белоруски авион, седум мртви

Седум лица загинаа откако белоруски товарен авион се урна во средата во источна Русија, јавува агенцијата АП.

Авионот Ан-12 на компанијата Гродно се урна во Иркутск, во источен Сибир. Сите седум лица во него загинаа.

Во руските медиуми пишуваат дека авионот се урнал по вториот обид за слетување, откако првиот обид не успеал. Причините за падот не се разјаснети. Во екипажот имало тројца Белоруси, двајца Руси и двајца Украинци.