Непрофитната организација „Активисти за човекови права во Иран“ (HRANA) внимателно го следи бројот на жртви од почетокот на израелската бомбардирачка кампања во Исламската Република Иран, јавува Би-Би-Си. Според HRANA, 224 цивили се убиени, а 188 повредени.
Исто така, 109 припадници на војската беа убиени, а 123 беа ранети. Покрај тоа, 119 други лица беа убиени, а 335 беа ранети, но сè уште не се идентификувани. Со ова, вкупниот број на жртви, според ХРАНА, изнесува 452 убиени и 646 ранети.
Иранските државни медиуми досега молчат за бројот на жртви, обезбедувајќи многу малку официјални податоци од владата.
Ограничувањата во земјата им отежнуваат на новинарите редовно да работат таму, што го отежнува прецизното потврдување на вистинскиот број на жртви од конфликтот досега.
Борбите меѓу Израел и Иран се интензивираат петти ден по ред
Најнови случувања во овие борби: Најновите напади на Иран: Сирени се активирани во неколку градови...-
Речиси 3,600 лица се убиени во Иран во американско-израелските напади, вклучувајќи стотици цивили и деца
-
Повеќе од 1,000 цивили убиени во Иран
-
Околу 290 американски војници повредени во војната со Иран
-
Околу 140 американски војници повредени за време на војната со Иран
-
Речиси 400 убиени во израелските напади во Либан