KOHA.net

СВЕТОТ

Рамасвами го напушта тимот на Маск од Одделот за ефикасност

Вивек Рамасвами

Вивек Рамасвами го напушти Одделот за владина ефикасност во САД, каде што требаше да служи под американскиот милијардер Илон Маск за време на администрацијата на Доналд Трамп.

АП во понеделникот објави дека Рамасвами нема да биде дел од администрацијата, бидејќи има намера да се кандидира за гувернер на Охајо. Ова беше потврдено неколку часа откако Трамп ја презеде функцијата во Белата куќа.

„Вивек Рамасеами одигра клучна улога во тоа што ни помогна да го создадеме DOGE. Тој има намера наскоро да се кандидира за избрана функција, што бара од него да остане надвор од ДОГЕ, врз основа на структурата што ја објавивме денес. Неизмерно му благодариме за неговиот придонес во изминатите 2 месеци и со нетрпение очекуваме тој да одигра витална улога во правењето на Америка повторно голема“, рече портпаролката Ана Кели.

Трамп го создаде овој оддел со цел да ги елиминира владините бирократии и „да го намали бројот на прекумерни регулативи“. Барањето на Трамп беше да се намалат расипничките трошоци и да се преструктуираат федералните агенции.

Трамп рече дека овој нов оддел ќе ги оствари најлудите соништа на републиканците и ќе понуди „совети и насоки надвор од Владата“.

Улогата на Илон Маск ќе биде неформална, што ќе му овозможи да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Тесла, социјалната мрежа X и компанијата за вселенски патувања SpaceX.