Еден град во Полска го охрабрува Илон Маск да купи замок од 13 век и да го претвори во негово европско седиште. пренесува агенцијата „АП“.
Градоначалникот на Глоговек, Пјотр Бујак, во понеделникот изјави дека испратил писма до компаниите на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, барајќи од него да го купи замокот во полскиот град.
Не е објавена цена и Маск се уште не одговорил на понудата.
Бујак за Асошиејтед прес изјави дека видел медиумски извештаи во Европа дека американскиот милијардер бара локација, можеби замок во Италија, за да се претвори во центар на неговите европски операции.
Замокот Глоговек во југозападна Полска има богата историја која датира од средниот век, додека накратко бил главен град на Полска во 17 век. Таму музички дела напишал и познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен.
„Замокот има многу добра атмосфера и е совршено место за големи работи“, изјави Бујак.
Областа има импресивна традиција на производство на вино.
„Не се чувствуваме полошо од Тоскана. Имаме совршена клима и ова е најдоброто место на Земјата“, рече Бујак.
Живописната локација на Глоговек е на растојание од европските метрополи како што се Берлин, Прага, Виена, Братислава и Варшава. Во замокот има и место за слетување на хеликоптер.
Замокот бара целосно реновирање и има потреба од приватен инвеститор.