Кипарскиот министер за надворешни работи во вторникот рече дека израелската офанзива во градот Рафах во јужниот дел на Газа предизвикува „неповратни и катастрофални последици“.
„Кипар силно жали за неодамнешните воздушни напади што предизвикаа смрт на толку многу невини цивили, вклучително и деца“, рече тој.
На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега во Каиро, Константинос Комбос исто така повика на прекин на израелските напади во Рафах, пренесува „Асошиетед прес“.
„Постои итна потреба од итен прекин на огнот и ослободување на заложниците. Ова е неопходно“, изјави Комбос.