Рускиот претседател Владимир Путин побара од владата во вторникот да развие процедури кои ќе овозможат враќање на западните компании кои ја напуштија Русија откако таа ја започна, како што рече, „специјалната воена операција во Украина“.
Говорејќи на годишниот состанок на руски бизнисмени и високи функционери во вторникот, Путин рече дека ако западните компании сакаат да се вратат во Русија, сите такви зделки мора да поминат преку владата, пренесува АП.
„Исклучи... случаи кога сопствениците го продадоа својот бизнис во Русија по багателна цена, оставајќи го на случајноста, а сега сакаат да го купат средството за истата скромна сума“, рече Путин.
„Ситуацијата на пазарот е поинаква, компаниите станаа посилни и ја зголемија својата капитализација. Нивната цена сега е различна“, додаде тој.
Путин инсистираше на тоа дека компаниите кои се враќаат ќе мора да гарантираат дека ќе водат „свесен и одговорен“ бизнис во Русија, без да даде дополнителни детали.
Неговите изјави доаѓаат непосредно пред телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, каде што двајцата лидери разговараат за нормализација на односите, како и за војната во Украина.
ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: