Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека руските сили го прошириле својот напредок во регионот Донбас.
Путин изјави дека, иако Украина контролираше околу 25% од регионот Донецк пред шест месеци, моментално држи само 15-17% од територијата.
Рускиот лидер ја даде оваа изјава за време на состанокот со Денис Пушилин, шефот на регионот назначен од Кремљ.
Прашањето за територијата, поточно Донбас, е клучниот проблем што го попречува напредокот во мировните преговори меѓу Украина и Русија.
Официјална Москва бара Украина да се откаже од оваа територија, но украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека неговата земја нема да се откаже од земја што Русија не ја освоила на бојното поле.
Разговорите меѓу двете завојувани страни, кои се водени со посредство на САД, не продолжија откако започна заедничката американско-израелска офанзива против Иран на 28 февруари.
исто така
Кремљ бара од Украина да го ослободи целиот Донбас, објавија руските медиуми
Претседателот Зеленски во вторникот изјави дека Турција е подготвена да биде домаќин на нова рунда трилатерални мировни преговори меѓу Киев, Москва и Вашингтон.
Зеленски ја објави веста по разговорот што го имаше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Претседателот истакна дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда разговори во трилатерален формат. Ја цениме оваа иницијатива и се надеваме дека таа може да даде резултати“, напиша Зеленски на Фејсбук.