Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман изјави дека Израел извршил „геноцид“ во Газа. пренесува „Би-Би-Си“.
Тоа е една од најжестоките јавни критики од саудиски функционер од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.
Говорејќи на самитот на муслиманските и арапските лидери, принцот ги критикуваше и израелските напади врз Либан и Иран.
Во знак на подобрување на односите меѓу Ријад и Техеран, тој го предупреди Израел да не изврши напади на иранска територија.
Нему му се придружија и други лидери присутни во повикот за целосно повлекување на Израел од Западниот Брег и Газа.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал Бин Фархан Ал Сауд изјави дека „неуспехот на меѓународната заедница“ е што војната во Газа не е запрена.
Војната во Газа започна по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, при што беа убиени околу 1200 луѓе, а беа земени 251 заложник.
Израел ја започна одмаздата со цел да го уништи Хамас. За време на офанзивата во Газа, според бројките на Министерството за здравство на Газа, животот го загубиле околу 43,400 луѓе.