Новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан се обидува да ги ублажи размерите на одговорот на Техеран кон Израел за атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, пренесува „Телеграф“.
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) сака да возврати со ракетни напади врз Тел Авив и други градови против израелските воени објекти.
Сепак, Пезешкијан, плашејќи се од поголема војна со Израел, бара Иран наместо тоа да ги нападне шпионските бази на Мосад скриени во регионот.
„Тој предложи да се гаѓаат цели поврзани со Израел во Република Азербејџан или Курдистан“, изјави извор за британскиот весник.
Претставник на ИРГЦ рече дека никој во организацијата, која е лојална на врховниот водач Али Хамнеи, не посветува големо внимание на Пезешкијан.
„Во рамките на силите имаше дискусија како да се блокираат напорите на Пезешкијан. „Речиси сите веруваат дека она на што тој инсистира не е добро за угледот на иранските власти“, рече овој функционер.