Подгорица, 29 јануари - По наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, вчера во Подгорица во просториите на црногорската комерцијална телевизија А1 се одржа полициска акција на Инспекторатот за економски криминал.
Телевизијата А1 е во сопственост на претседателот на групата „Атлас“, Душко Кнежевиќ, кој го бара Црногорското обвинителство поради сомневања дека е на чело на групата која се занимава со перење пари, даночно затајување и уцени.
Групата „Атлас“ соопштува дека околу 14 часот полицијата влегла во просториите на телевизијата.
Не е јасно која е официјалната причина за полициската рација, но јасна е позадината“, се наведува во соопштението.
Кнежевиќ последните денови е во фокусот на црногорското мислење. Тој е во Лондон, од каде секојдневно објавува видео и аудио снимки на кои зборува за наводи за коруптивни активности на црногорските државни функционери и државни институции.