Германските власти извршија рација во повеќе од 40 станови и други објекти во Берлин поврзани со ширење на слики од злоупотреба на деца, откако американските власти дадоа информации за случајот.
Германската новинска агенција ДПА ја цитираше полициската канцеларија во Берлин дека 250 истражители биле вклучени во рациите на 42 осомничени - сите на возраст меѓу 17 и 84 години. Две третини од осомничените мажи и се веќе познати на полицијата. Половина од нив се осомничени за сексуална злоупотреба, објави обвинителката Норма Шурман.
Рациите се резултат на одвоени истраги. Не станува збор за истражување на една мрежа.
Инспекторите конфискуваа компјутери, мобилни телефони и други уреди за складирање на компјутерски материјали.
Обвинителството соопшти дека постојано се зголемува бројот на оние кои се занимаваат со обезбедување и дистрибуција на слики за злоупотреба на деца.
Германските обвинители добија илјадници информации од американските власти кои се борат против злоупотреба на деца.
-
Рации во Германија поради корупција на „Евро 2024“
-
Стотици германски полицајци извршија рации во неонацистички младински банди во 12 покраини
-
Најмалку четворица уапсени во Германија под сомнение за шверц на луѓе
-
Германската полиција изврши рација во домовите на 17 лица осомничени за антисемитизам
-
Полицијата изврши рација во имоти поврзани со група осомничена за промовирање на иранската идеологија во Германија