Британската полиција во петокот соопшти дека можеби погрешно застрелале две жртви, вклучувајќи една која починала, додека се обидувале да спречат напад врз синагога во Манчестер на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, објави Ројтерс.
За време на нападот во четврток, двајца мажи, Адриан Долби (53) и Мелвин Кравиц (66), беа убиени откако Британец од сириско потекло со автомобилот влета во пешаци, а потоа почна да боде неколку луѓе пред синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк во Манчестер.
Напаѓачот бил застрелан на местото на настанот од вооружени полицајци. Полицијата во Манчестер соопшти дека тој немал огнено оружје со себе. Сепак, едно од лицата што загинале имало прострелни рани.
„Ова укажува дека оваа повреда можеби е случајно предизвикана од брзите и неопходни дејствија на полицајците за да го спречат овој насилен напад“, рече началникот на полицијата Стив Вотсон.