Русија и Украина немаат планови за понатамошни директни разговори за ставање крај на нивната повеќе од тригодишна војна, изјави во четврток портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Соопштението дојде неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за време на кој тој изјави дека преговорите за прекин на огнот меѓу завојуваните страни ќе започнат веднаш.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеПо двочасовни разговори во Истанбул минатиот петок, делегатите од Киев и Москва се согласија да разменат по 1.000 воени заробеници, што претставува најголема размена од почетокот на војната.
Освен овој чекор, состанокот не донесе никаков значаен напредок.
Оваа недела, Путин изјави дека Москва ќе предложи и е подготвена да соработува со Украина на меморандум што ќе ја подготви рамката за евентуален иден мировен договор.
Таквиот предлог од руска страна дојде откако Путин постојано ги отфрлаше предлозите за 30-дневен, безусловно примирје, што беше прифатено од Украина во март.