Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека за украинските територии под руска окупација „не може да се преговара“ на преговарачка маса, категорично отфрлајќи ја можноста за територијални отстапки, пренесе Би-би-си.
„Териториите кои станаа дел од Русија, а кои се вклучени во Уставот на нашата земја, се неделив дел. „Ова е факт што апсолутно не може да се негира или дискутира“, рече Песков.
Ова исто така може да сугерира дека Русија има намера да ги продолжи борбите додека не ги окупира сите четири региони на Украина за кои Русија тврди дека се свои. Според рускиот Устав, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се дел од Русија, иако Русија не ги контролира целосно.
Изјавите на Песков се во согласност со оние на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој на сличен начин сугерираше дека Русија има за цел целосно да ги контролира сите четири украински региони.