Најмалку пет лица загинаа во понеделникот во Турција од судир на два турски воени хеликоптери во воздух.
Властите соопштија дека еден од хеликоптерите се урнал како последица на судирот, додека другиот успеал безбедно да слета, пренесува АП.
Едно лице избегало со повреди и е згрижено во болница, изјави гувернерот Абдула Ерин, цитиран од агенциите.
Несреќата се случила во југозападната провинција Испарта, за време на редовни летови за обука, според гувернерот.
Меѓу жртвите е и бригаден генерал кој раководел со авијациската школа.
Засега не е познато што го предизвикало контактот на двата хеликоптери. Ерин потврди дека истрагата е започната.