KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Петмина загинати во нападот на хотел во Сомалија

Заврши престрелката меѓу исламистичките милитанти и сомалиските безбедносни сили во хотел во главниот град Могадишу.

Најмалку пет лица загинаа во напад на хотелот Африк, кој започна со напад со автомобил-бомба во неделата, јавува Би-Би-Си.

Одговорноста ја презеде Ал Шабаб. Групата, која е поврзана со Ал Каеда, редовно извршува напади против владините сили.

Најмалку четворица загинаа, тројца беа застрелани и еден загина во самоубиствен бомбашки напад.

Автомобил удрил во влезната врата од хотелот и експлодирал, пред да влезат вооружени лица.

„Експлозијата го потресе хотелот. Бевме во паника“, изјави сведокот Ахмед Нур за Ројтерс.