Членовите на семејството на Џон Мекејн ја информираа Си-Ен-Ен дека поранешниот сенатор одлучил да го прекине лекувањето од рак на мозокот овој петок.
Тој минатото лето ја сподели горчливата вест за својата болест со американската јавност и ширум светот.
Меѓутоа, светските медиуми јавуваат дека неговата состојба се влошила и Мекејн одлучил да го прекине лекувањето.
Џон Мекејн имаше извонредна улога за Косово во 90-тите. Тој беше и останува меѓу најголемите поддржувачи на независноста на Косово на меѓународната сцена, пренесува кп.
Мекејн го посети Косово во април минатата година, при што одржа и говор во Парламентот на Косово.
исто така
Реакции по смртта на сенаторот Џон Мекејн
Таму тој рече дека „дошол на Косово да каже дека верува оти заедно треба да избереме подобра иднина“.
„На крајот на краиштата, долгорочната безбедност на Косово е вкоренета најмногу во неговите политички и безбедносни односи со САД, НАТО и другите меѓународни партнери, кои се потписници на заедничките демократски вредности и почитувањето на владеењето на правото. Затоа е толку важно трансформацијата на Косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово да се направи преку уставниот амандман. Ова е суверена земја која народот на Косово мора да ја направи сам. Како што нагласи претседателот Тачи, ова „мора да биде постепен, сеопфатен процес со посветеност на сите заедници“, вклучително и косовските Срби. Направено на овој начин, верувам дека трансформацијата на вооружените сили на Косово на долг рок ќе го унапреди напредокот на Косово, ќе го зајакне неговиот меѓународен легитимитет и ќе го обезбеди неговиот иден пристап до воена помош“, рече Мекејн.