„Ер Индија“ потврди дека од 242 лица во авионот што се урна во четвртокот, преживеал само еден британски државјанин, јавува Би-Би-Си.
Авионот се урна во станбена зона во Ахмедабад, Индија.
Индиските власти соопштија дека операцијата за пребарување и спасување на местото на несреќата е завршена.
„Нашиот целосен фокус сега е на потребите на погодените, нивните семејства и најблиските“, соопшти Ер Индија, додавајќи дека „единствениот преживеан“ е на лекување во болница.
Се наведува дека вкупниот број на жртви достигнал најмалку 290.
Официјалниот број на жртви ќе биде објавен откако ќе бидат спроведени ДНК тестови.
Индискиот министер за внатрешни работи, Амит Шах, изјави дека процесот на ДНК тестирање на жртвите е започнат.