Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека образовниот систем не одговара на реалните потреби на стопанството.
Загрижува тоа што 90 отсто од младите одат на факултет, а во исто време немаме квалификувани работници“, рече Анѓушев.
На прашањето што ќе биде со лиценците на универзитетите кои ги има во голем број во државата, Анѓушев рече дека актуелната власт не давала лиценци за нови универзитети, пренесува ИНА.
Она што го направи оваа Влада е што не дадовме нови лиценци за нови универзитети“, рече Анѓушев и рече дека старите лиценци ќе истекуваат.
Слични статии