Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја отфрли изјавата на шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас за Украина, нарекувајќи ја „тажна“ и „безвредна“, пишува Politico.
„Оваа изјава е доказ за лошо лидерство од страна на Брисел“, напиша Орбан во средата во објавата на социјалната мрежа „Икс“. Реакцијата на Орбан е насочена кон земјите од Вајмар+ – Европската Унија, Франција, Германија, Полска, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство – кои издадоа заедничка изјава за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Орбан не се согласува со заедничката изјава, додавајќи дека „додека претседателот Доналд Трамп и претседателот Путин преговараат за мир, претставниците на ЕУ издаваат безвредни изјави“.
Унгарскиот премиер се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во јули минатата година, при што беа разгледани предлозите за мировен договор во Украина. Овој потег беше критикуван од официјален Киев и европските лидери.
-
Зеленски го нарече предлогот за членство на Германија неправеден: Киев ќе остане без глас
-
Калас: Путин е во послаба позиција од кога било досега
-
Калас: Русија не сака да се вклучи во дијалог за да се стави крај на војната
-
Избори на 12 април – Орбан добива поддршка од крајната десница во Европа
-
Унгарија продолжува да ја блокира помошта на ЕУ за Украина и санкциите кон Русија