Опозициските лидери во Србија ветија дека ќе продолжат со протестите во јануари по маршот на илјадници луѓе во Белград против владеењето на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Со транспаренти со различни пароли како „До кога Србија ќе продолжи да биде зла“, демонстрантите побараа оставка од претседателот Вучиќ.
Организаторите рекоа дека следните протести се очекува да се одржат на 16 јануари, на годишнината од смртта на политичарот од косовските Срби Оливер Ивановиќ, чие убиство ги подгреа тензиите во двете земји. пренесува REL.
Ивановиќ беше застрелан пред неговата канцеларија во Митровица.
„Нема да застанеме, ниту да молчиме“, изјави лидерот на Левичарската партија, Борко Стефановиќ, кој минатиот месец беше нападнат во Крушевац од неколку лица.
исто така
Протести во Белград – енергија на незадоволството
На чело на протестот на 15 декември беа поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ и градоначалникот на Белград Драган Ѓиљас.
Во неодамнешниот извештај за Србија, Европскиот парламент рече дека Србија треба да ја подобри „слободата на печатот и слободата на изразување“.