KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

СЗО: Европа со над 10 милиони случаи на СОВИД-19

Шефот на Светската здравствена организација во Европа во четвртокот изјави дека европските земји повторно регистрирале неделен рекорд на потврдени случаи на Ковид-19, со повеќе од 1.5 милиони случаи минатата недела и повеќе од 10 милиони од почетокот на пандемијата.

За време на состанокот со европските министри за здравство, Ханс Клуге рече дека бројот на хоспитализирани лица е зголемен и дека бројот на починати е зголемен за повеќе од 30 отсто во последната недела.

„Европа повторно е во епицентарот на пандемијата“, рече Клуге, изразувајќи сериозна загриженост за ситуацијата.

Коментирајќи го затворањето на некои држави, тој рече дека тоа ќе им помогне да го зајакнат здравствениот систем.

Клуге рече дека најголемата грижа на државите во овој момент треба да бидат нивните здравствени работници, пренесува АП.

„До март, критичните ограничувачки фактори беа единиците за интензивна нега, вентилаторите и опремата за лична заштита, денес единствената најголема грижа е здравствената работна сила“, рече тој, додавајќи дека лекарите, медицинските сестри и другиот здравствен персонал стануваат се послаби.