На 6 февруари се наврши една година од разорниот земјотрес во Турција.
Во раните утрински часови, земјотрес со јачина од 7.8, а потоа и неколку последователни потреси оставија 53.537 жртви и 107.213 повредени, додека потресот ја зафати и сириската област, каде што беа регистрирани илјадници смртни случаи.
Епицентарот на земјотресот бил областа Антакија, а ова се сметало за најсилниот земјотрес од 1939 година.
Потреси се почувствувани и во неколку други држави. Потоа беа забележани над 30.000 последователни потреси во текот на следните три месеци, а експертите на Обединетите нации проценија дека 1.5 милиони луѓе останаа без покрив над главата.
Турските власти регистрираа и многу оштетени патишта и прекин на комуникациските линии.
На потресите реагираа и косовските власти кои изразија подготвеност за помош.