Земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 40 километри западно од градот Порт-Орли, во островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти денеска Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
„Брановите од цунами кои достигнуваат 0.3 до еден метар над плимата се можни за делови од брегот на Вануату“, се вели во соопштението на Центарот за предупредување од цунами.
Слични статии